Доволно е да ги внесете овие неколку ситни промени кои ќе го осигураат значително помалото внесување на калориите а со самото тоа и „ќе ви паднат“ и сказалките на вагата.Мака мачите со вишокот на килограми и никако не успевате да воспоставите рамнотежа во секојдневната исхрана? Не очајувајте, со помош на овие неколку едноставни совети ќе изгубите и до половина килограм неделно.
Ставајте зеленчук во сите јадења
Една неодамнешна студија објавена во магазинот American Journal of Clinical Nutrition открила дека пирето од карфиол, тиквички или морков, кое може да се додаде во различни јадења од леб или тестенини, го зголемува внесувањето на влакна а драстично го намалува внесувањето на калории. А добрата вест е дека ако зеленчукот го додадете во размер од 25 отсто, јадењето нема да го промени ни вкусот ни текстурата.
Различните намази заменете ги со хумус
Продуктите богати со маснотии како различните намази или пак кечапот кој е богат со шеќер, или пак масниот мајонез, заменете ги со хумус, кој е далеку подобра опција. Не само што подолго време ќе бидете сити, благодарејќи на големиот процент влакна туку во просек во организмот да внесете околу 250 калории помалку.
Извадете го сирењето од сендвичот
Ако правите сендвич со сирење, во организмот ќе внесете од 70 до 120 калории помалку.
Освен тоа, иако се чини дека сирењето е основна состојка во сендвичот, неговото отстранување од сендвичот нема драстично да се промени. Избегнувајте го сирењето недела дена и ќе заштедите 500 калории.
Пијте црно кафе
Можете во организамот да внесете и до 200 калории помалку доколку кафето со многу млеко можете да го замените со класично црно кафе. Освен тоа, избегнете го и шеќерот и така ќе внесете 100 калории помалку.
Избегнувајте да јадете надвор
Доколку дома си подготвувате појадок или ручек и го однесете на своето работно место а не јадете нешто од надвор, сигурно ќе внесете и до 1000 калории помалку во текот на денот. Имено, храната која ја јадете во рестораните или пекарите е полна со маснотии, шеќери и натриум и рафинирани житарици и тоа во значително поголеми размери отколу храната зготвена дома. Но доколку морате баш да јадете надвор, избегнувајте додатоци како што се различните преливи за салата и сл.
Користете помалу чинии
Така ќе заштедите од 300 до 600 калории. Имено, во тренд се големите убаво дизајнирани чинии, но за намалувањето на калориите тоа баш и не ви оди во прилог. Големите чинии ќе направат порцијата да изгледа визуелно помала па ќе изедете и повеќе отколку што ви е потребно. Кај малите чинии ефектот е обратен, па со секој оброк ќе јадете се помалку. Мака мачите со вишокот на килограми и никако не успевате да воспоставите рамнотежа во секојдневната исхрана? Не очајувајте, со помош на овие неколк



