Ќе се разгледа барањето на лозарите исплатата на откупеното грозје од страна на винариите да се уреди законски и тоа да се исплаќа на три месеци наместо на шест како досега. Ова го изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, кој во Неготино присуствуваше на манифестацијата по повод празникот Свети Трифун.Исто како и во Кавадарци, тој повтори дека во Македонија се создаваат најубавите сорти вина кои се веќе етаблирани во светот. Повтори дека од 2008 година наваму за субвенции за поддршка на лозарството се исплатени вкупно 4,6 милијарди денари или 75 милиони евра, а за минатата година на 15.000 лозари им се исплатени осум милиони евра субвенции.
– Така ќе продолжиме и во иднина. Нашата поддршка секогаш ќе ја имате. Оваа Влада се грижи за сите подеднакво сите да имаат работа и на секој да му обезбедиме пристоен дом, изјави Ставрески.
Тој ќе ја посети и Демир Капија, која исто така денеска го одбележува Свети Трифун.Исто како и во Кавадарци, тој повтори дека во Македонија се создаваат најубавите сорти вина кои се веќе етаблирани во светот. Повтори дека од 2008