Ќе се врати ли некогаш животот без технологијата?

Дали навистина компјутеризацијата, дигитализацијата и општо кажано пребрзиот развој на техниката и технологијата, ни го олеснува животот? Каде толку многу брзаме? Одговорот на последново прашање, најверојатно гласи: За да имаме повеќе слободно време. Во ред, но крајно време е да се запрашаме на што го трошиме тоа слободно време?!
Наместо луѓето повеќе да се зближуваат едни со други, стануваат посрамежливи, се повеќе повлечени во себе и се затвораат во четири ѕидови, потполно бегајќи од надворешниот свет, природата и сонцето… Во ред, грешам – сега скоро сите имаат барем по еден мобилен телефон кој претставува мини-компјутер и може да биде користен буквално секаде, што не не` врзува за одредено место. Колку пати кога ќе излеземе на прошетка, наместо да уживаме во природата и да разговараме со тој што е до нас, ние одиме со „таблетот“ пред фаца, не ни гледајќи каде и како чекориме.
Да не бараме виновник за тоа што ни се случува. Да не ја измислеше струјата Никола Тесла, сигурно ќе ја измислел некој друг! Со сигурност луѓето во минатото биле подруштвени од нас, но дали навистина биле среќни со таквиот начин на живот? И тие мечтаеле за иднината и за некои направи што ќе им го олеснат живеењето.

 
Дали некогаш ќе се врати дамнешниот начин на живеење, без толку напредната технологија и дали тоа е добра идеја? Сите знаеме дека минатото не се враќа и барем за сега ова е непроменлива животна вистина. Секое време си има свои предности и недостатоци. Можеби во иднина ќе постојат направи за телепортирање и патување низ времето, но мој совет е да не чекаме тоа да се случи. Исто така, залудно е да чекаме некоја чудесна вакцина против сајберманијата и постојано да бараме изговори дека сме нерасположени, дека времето надвор не ни е погодено и сл. Секое време од годината е прекрасно за дружење, социјализација и запознавање со нови луѓе.
Следен пат кога ќе излезете во бар за да се видите со луѓе и кога ќе здогледате некој што ќе Ви го замати умот, наместо да се трудите да го најдете нејзиниот/неговиот Фејсбук профил прашувајќи ги пријателите на таа личност, ставете го телефонот во џеб и тргнете во акција за лично да прашате кој и/му е телефонскиот број.
 

Автор: МоникаКаде толку многу брзаме? Одговорот на последново прашање, најверојатно гласи: За да имаме повеќе слободно време. Во ре

Пронајдете не на следниве мрежи: