Ќе слави ли сега СДСМ со оро затоа што ќе нема парламентарни избори?

Пред пет месеци бараа избори, а сега не ги сакаат. Наликува ли однесувањето на СДСМ на детска игра?Од СДСМ на неколку наврати велат дека сакаат да победат на избори, а на избори не сакаат да се појават.
На едно такво нивно однесување во минатото, вечерва потсети и премиерот Никола Груевски.
-Се сеќавате ли дека кога се објави договорот на први март оваа година, членството на СДСМ беше повикано пред штабот на СДСМ да играат оро. Има снимки, медиумите сигурно ги имаат. И луѓето играа оро, бидејки Бранко излезе со триумфално тврдење дека се тие победници, затоа што ВМРО-ДПМНЕ се обврзал за предвремени избори во септември. Каква пародија. Сега излезе џабе орото. И не само тоа, туку ВМРО сака избори, а СДСМ бега од избори како ѓавол oд темјан, рече Груевски.
Сега СДСМ можеби и ќе ги повика членовите на прослава и играње пред нивниот штаб, со цел да ја прослават победата што нема да има предвремени избори, за кои веќе изиграа едно оро на 1-ви март.
Опозиционерите овој пат имаат уште една причина за славење, премиерот Груевски вечерва рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе им изгласа се' што ќе решат во партијата за правните квалификации. Опозицијата ќе може да ја исплука владејачката партија онолку колку што сака. 
Извор: kurir.mkОд СДСМ на неколку наврати велат дека сакаат да победат на избори, а на избори не сакаат да се појават.
На едно такво нивно однесување во м

Пронајдете не на следниве мрежи: