Ќе ве трогне статусот на Давид Бабунски!

Младиот фудбалер Давид Бабунски преку статус на социјалната мрежа Фејсбук објасни зошто фудбалот има моќ да го промени менталитетот на една цела нација. Во продолжение интегрално ви го пренесува статусот на Бабунски кој вреди да го прочитате.ДОБРО УТРО МАКЕДОНИЈО!
„Да, фудбалот има моќ да го промени менталитетот на една цела нација… Зошто да не ??
Овој настан ослободи една неверојатна позитивна енергија која брзо се прошири во колективната свест на Македонците….Нека одекне! И да ја прошириме и во другите области на нашето општество, а не само во спортот. Со оваа енергија да се зарази и политиката, образованието, религијата, медиумите и сите останати клетки на општеството.
Бидејќи зад историското остварување кое го постигна оваа екипа има нешто многу повредно од само aкумулирње поени на една игра. Има основни човечки вредности, има една нова моќна ментална структура, има доверба и дух на нераскинлива унија…Фактори кои гарантираат успех на сите нивоа на целото човечко постоење, додека тоа ги интегрира во себе.
Група на луѓе од различни средини:Македонија, Албанија, Шведска, Србија, Данска…Пред две години се сплотија и започнаа да веслаат со упорност и страст, под едно исто знаме и за една иста цел употребувајќи ги културните и верските разлики на секој поединец како извор на богатство. Почит, скромност, тимска работа, дисциплина, пријателство, великодушност, без присуство на его…тие се некои од нашите тајни.
Ова е причината поради која играм фудбал. Да го претворам во сила за социјална промена и напредок на човештвото кон една повисока и просветлена свест. Овој успех можеме да го претвориме во пресвртна точка, која ќе означи промена кон една нова свест : нов начин на размислување, на однесување, начин на кој се согледуваме како нација…
Како феникс, Духот на Александар Македонски повторно се крена и се насмевна гледајќи како произлезе од пепелта на спортот еден менталитет кој е повеќе сличен на оној со кој тој ја изградил најголемата империја на сите времиња.
Дозволивме низ годините да ни ја зачинуваат неспоредливата големина на нашата историја речиси до анонимна. И сеуште оставаме да не угнетуваат….До кога ќе бидеме заспани Македонијо? Кој не измами да си придаваме и нарекуваме „Македонски Менталитет“ во песимистичка и губитничка смисла низ толкав долг временски период? Кој не затру? Знаете ли од каде потекнувате Македонци? Дали знаете кои се вашите корени? Свесни ли сте за интелектуалниот и духовниот потенцијал што ги поседува оваа земја?
Балкански земји кои изртија извонредни луѓе како Мајка Тереза, Никола Тесла или Александар Македонски…… Ни се плашат (Американци, Германци, Англичани…. ) и затоа вложуваат големи напори да нé поделат и идиотизираат…
Она што ме привлече кон Балканот е огромната потреба што ја има тука за една нова свест и можноста да учествувам на нејзиното будење преку фудбалот…Првите чекори ги направивме пред некоја година, кога јасно и гласно се кажа дека неможе да се продолжи така и дека нешто мора да се промени. Се превземаа одговорности и денес имаме резултати на кои сите се гордееме. Придонесовме за промена на свеста. И ова штотуку започна.
Мојата желба е ова да биде повеќе од само едно спортско достигнување. Можеме да го претвориме во потребниот импулс на движечка сила за да се присетиме на она КОИ СМЕ и ШТО СЕ МОЖЕМЕ ДА НАПРАВИМЕ.” – David BabunskiДОБРО УТРО МАКЕДОНИЈО!
„Да, фудбалот има моќ да го промени менталитетот на една цела нација… Зошто да не ??
Ово

Пронајдете не на следниве мрежи: