ЌЕ ВЕ ТРОГНЕ: Весна преминала во Ислам, сега се вика Хатиџа. Ова е нејзината приказна!

Родена во Краљево, а некогаш се викала Весна. Оставена од родната мајка и татко по раѓањето, половина од својот животен век го поминала во Центарот за социјална работа и старателски семејства.Во емисијата „Сѐ за љубов“, Хатиџа Лилиќ ја раскажа својата приказна. Таа е мајка на три деца, а животот никогаш не ја штедел.
Додека сѐ уште биле мали, Весна и нејзината сестра беа оставени во Центарот за социјална работа, кој ги проследил во едно семејство. Веднаш штом нивната нова мајка останала во блажена состојба, двете девојчиња повторно завршиле во рацете на службениците од центарот.
Потоа, повторно им беше пронајдено ново семејство во кое биле угнетувани, мачени, психички и физички малтретирани, изгладнувани и да работат по цел ден.
Сепак, најголемата траума се случила во третото семејство.
– Тие се обидоа да нѐ злоставуваат. Со ноќи во собата ни влегуваа мажи во собата… Се будевме и врескавме – со солзи во очите раскажува оваа жена.

Секојдневно била тепана и тоа најчесто од синот на директорката од Центарот за социјална работа. Кога не се наоѓала во ниедно семејство, таа се најде на улица. Нејзината сестра, која била постара од неа, се омажила, но и понатаму не сакала да ѝ пружи никаква помош.
Судбината ја однесе Весна во Плав, Црна Гора. Била осамена, а својата тага ја лекувала со книги. Еден ден, решила да го прочита Куранот и ја нашла својата утеха. Од тој момент, таа носи бурка која ѝ ги открива само очите и се вика Хатиџа.
Не многу долго потоа, таа се омажила за еден човек, а свекрвата ја малтретирала. Родила син, а сопругот отишол во затвор. По некое време била исфрлена од куќата. Подоцна, кога сопругот излегол од затвор, добил старателство над нејзиното дете.
Но, тука не е крајот на нејзината приказна. Се омажила уште еднаш и родила две девојчиња. Со сопругот се преселиле во Нови Пазар. Конечно нејзиниот живот почнал да станува идиличен, а тогаш сопругот ја напуштил. Избегал во Сараево и ги оставил неа и децата.
Хатиџа денес живее во овој град. Среќна е што запознала луѓе кои ѝ помогнале во најтешките моменти.
Погледнете го видеото:
Во емисијата „Сѐ за љубов“, Хатиџа Лилиќ ја раскажа својата приказна. Таа е мајка на три деца, а животот никогаш не ја штедел.

Пронајдете не на следниве мрежи: