Повеќето жени, а во последно време и многу мажи вложуваат многу време и пари во косата. Секоја жена сака да има совршена, сјајна и здрава коса што ги прави уште поубави.Во продолжение ќе ви покажеме како едноставно со рицинусово масло можете да го подобрите изгледот и да го поттикнете растот на вашата коса, веѓи и трепки.
Маслото од рицинус се покажало како фантастичен третман на косата. Ова масло е богато со омега 9 масни киселини кои ја прават косата здрава и поттикнуваат косата да расте доста брзо.
За совршен третман за вашата коса, веѓи и трепки потребно ви е:
5 лажици рицинусово масло
5 лажици кокосово или бадемово масло
Со оглед на тоа дека маслото од рицинус е многу густо треба да го стопите со друго масло како што е бадемовото или кокосовото. Откако ќе ги помешате добро, нанесете го на косата. Масирајте долго време во вашата коса од коренот до врвот.
Овој процес би требало да го правите ноќе за да оставите да делува до следното утро.
Следниот ден кога ќе станете измијте ја косата нормално за маслото да се измие. За кратко време ќе ги забележите првите резултати.Во продолжение ќе ви покажеме како едноставно со рицинусово масло можете да го подобрите изгледот и да го поттикнете