Страстен мотоциклист Аднан Балиќ (27), со прекар Дадо загина завчера во Бихаќ кога, додека се возел на моторот марка Јамаха, се судрил со автомобил Сеат, кој преминал на неговата страна од улицата, потврдено е вчера од Министерството за внатрешни работи во Унско – санскиот кантон (УСК), за „Дневни лист“.Але Шиљедиќ потпаролот на полицијата во УСК изјави дека до несреќата дошло околу 23:25 часот кога на улицата Ирфан Љубљанска во Бихаќ се судриле мотоцикл Јамаха и автомобил Сеат Алтеа со словенечки регистарски таблички.
Иако локалните портали пишуваа дека возачот на сеатот преминал на улицата од страната на Балиќ за да го избегне радарот кој е поставен на тоа место, полицискиот потпарол не можеше да ја потврди, ниту пак да ја демантира оваа информација.
„Јас не знам кој го напишал тоа, не знам ниту дали тоа физички е можно, радарот снима на доаѓање но и на одење, но можно е некои возачи да размислуваат на тој начин дека ќе го избегнат радарот“, одговори Шиљедиќ на прашањето во врска со несреќата.
Потврдил дека првите резултати од истрагата покажале дека возачот на Сеатот преминал на страната на Балиќ при што се судрил со него, но се уште не е јасно зошто.
„Можеби по грешка преминал, или пак претекнувал друго возило“, додал Шиљедиќ.
Очевидците пак за Абц.ба велат дека во моментот кога Сеатот поминал на другата страна од улицата, од спротивна насока со голема брзина налетал мотоциклистот па така дошло до тешкиот удар…
Инаку, откако вчера се прочу веста за смртта на улица на Балиќ, многу од неговите пријатели почнале да оставаат пораки со неверување на социјалните мрежи.
За настраданиот Балиќ, може да се каже дека тој бил голем љубител на мототи и голема брзина, а во една прилика на Фејсбук поставил слика со порака:
„Ако еден ден ме убие брзината, немојте да плачете, бидејќи јас се смеев!“
На ѕидот на Фејсбук на Аднан, вчера една корисничка на социјалната мрежа одговори:
„Другару, солзите сами течат. Иако бараше овој ден да не плачеме, да те испратиме со насмевка, бидејќи беше синоним за среќа.“Але Шиљедиќ потпаролот на полицијата во УСК изјави дека до несреќата дошло околу 23:25 часот кога на улицата Ирфан Љубљанска во Бихаќ се судриле мо



