ЌЕ ВИ СЕ РАСПАДНЕ ТЕЛОТО АКО ГО ДОПРЕТЕ: Ова растение го има и во Македонија. Еве како изгледа!

Ова растение се појави во Словенија, поточно во Љубљана и во околината на Марибор, а во Босна и Херцеговина е видена во околината на Сараево, веројатно уште во 2007 година.Гигантскиот свински коров е опасно и агресивно растение кое брзо се шири.
Големи се шансите ова растение да го има и во Македонија и Србија, поради фактот дека таа веќе го има и во Хрватска, а со оглед на брзото ширење на коровот, многумина не знаат како изгледа и како можат да се заштитат.
Ако во некој случај кожата дојде во допир со токсинот кој го лачи гигантскиот свински коров треба веднаш да се заштитите од сончева светлина, да го измиете местото со ладна вода и под итно да се јавите на лекар. Нема простор за паника доколку знаете како изгледа ова растение и да го избегнувате.
Гигантскиот свински коров е познат и под името кравји магдонос, а потекнува од Кавказ и средна Азија. Може да биде висок и до два и пол метри. Личи на обичен свински коров. Фототоксично е и се смета за штетно во многу држави.
Покрај тоа, ова растение има преубави бели цветови, но доколку дојдат во контакт со вашите очи може да предизвикаат трајно слепило. Доколку го допрете, кожата станува црвена и започнува да ве чеша. Тогаш излегуваат меури во облик на изгореници во рок од 48 часа. Се формираат и црни и виолетови лузни кои можат да траат и неколку години.
Во Германија ова растение станало сериозен проблем, откако се забележани дури 16.000 жртви во една година.
Гигантскиот свински коров се одликува со дебело темно-црвено и виолетово стебло кое има шуплина во внатрешноста. Обемот на стеблото варира, но најчесто е во рамките од 3 до 8 сантиметри, но може да достигне и 10.
За да се заштитите од токсините кои ова растение ги има, носете заштитна облека, како и заштита за очи. Доколку кожата е изложена, измијте се со вода и бегајте од сонце.
Гигантскиот свински коров многу тешко може да се истреби, со ископување, сечење на цветовите, косење, косење на земјиште, прскање со течен азот и сл.
Гигантскиот свински коров е опасно и агресивно растение кое брзо се шири.
Големи се шансите ова растение да го има и во Македонија и Србија

Пронајдете не на следниве мрежи: