ЌЕ ВИ СЕ ЗАМРЗНЕ КРВТА од овој документ: „Жените на ИСИС се моќни и имаат поголеми права“

Експертите за проучување на терористички активности, велат дека овој документ е доказ за плановите на терористите кои во иднина ќе вклучуваат сѐ повеќе жени во своите напади.Во јавноста се појави документ кој сведочи за правата на жените борци во Исламската држава. Имено, на социјалните мрежи почна се шири фотографија од брачен договор, во кој стои дека сопругата на борецот во Исламската држава ги има сите права при изведување на самоубиствена мисија, без разлика на дозволата добиена од страна на нејзиниот сопруг.
Експертите за проучување на терористички активности, велат дека овој документ е доказ за плановите на терористите, кои во иднина сè повеќе ќе ги вклучуваат жените во своите напади, пренесе Daily mail.
Напишан и потпишан од страна на мажот и жената на арапски јазик, овој документ дефинира и дека конечната одлука за завршувањето на животот на жените ја имаат исламските лидери. Само тие можат да одлучат на кој начин жената ќе го заврши својот живот, без разлика на волјата на сопругот. Овој документ ја става верата и целите на ИСИС, пред почитувањето кон сопругот и бракот.

„Доколку принцот верник, ал Багдади, нареди жената да оди во мисија која вклучува самоубиство, нејзиниот сопруг не смее да ја спречи во тоа“, стои во документот.
Исламската држава на овој начин сака што поголем број на жени да се вклучат во мисиите во кои досега настрадале голем број на борци на ИСИС ширум Сирија и Ирак.
Експертите, исто така велат дека ваквите акции докажуваат дека ИСИС полека ја губи својата моќ, односно ја губи војната. Сепак, загрижува фактот дека токму преку жените со експлозивни направи, ИСИС би можело да го прошири своето делување.
Поради малата контрола на границите и аеродромите низ која минуваат жените, своите дејствија Исламската држава би можела да ги прошири во другите земји.
Документот го објави една корисничка на Твитер, а во меѓувреме бил избришан. Таа под фотографијата напишала дека жените во Исламската држава се моќни и дека имаат сѐ повеќе слобода од останатите жени во светот.

Documents reveal ISIS brides don't need husband's permission to become suicide bombers https://t.co/QZXY2qSYDE pic.twitter.com/rWlx2cXZ6U
— Daily Mail Online (@MailOnline) May 13, 2015
Во јавноста се појави документ кој сведочи за правата на жените борци во Исламската држава. Имено, на социјалните мрежи почна се шири фотографија о

Пронајдете не на следниве мрежи: