Ќе ви смрзне крвта од морничавите злосторства на најбруталниот женски сериски убиец во историјата!

Кога ќе помислите на сериски убијци, одредени карактеристики веднаш паѓаат на ум: егоизам, манипулација, насилство и обично маж. Додека Ајлин Вуормос не била фатена. Таа несомнено е еден од најбруталните сериски убијци во историјата!Ајлин Ли Керол Вуорнос е родена на 29 февруари 1956 година во Рочестер, Мичиген. Нејзиниот татко е осуден два месеци по нејзиното раѓање поради злоставување, а подоцна се самоубил во затвор. Нејзината мајка сама ги одгледала неа и нејзиниот брат.
Нејзината мајка ги оставила поради човек кој не сакал деца и ги оставила на нејзините родители. Дедото ја тепал, а нејзината баба била алкохоличар. Кога имала 11 години им нудела услуги на мажи за пари, пиво и цигари. На само 14 години го родила првото дете за кое луѓето сметале дека е на нејзиниот дедо. Кога момчето било дадено на посвојување, таа избегала во шума и крадела храна, а нејзините баба и дедо ја заклучувале дома.
Почнала стопирајќи да патува низ земјата и често се претставувала со други имиња. Кога имала 15 години почнала повторно да го продава телото и на тој начин доспеала во Флорида. Во 1976 година се омажила за постар човек, но бракот не траел долго бидејќи Ајлин дознала дека тој нема многу пари. Откако се развеле, таа продолжила да се занимава со криминал.
Нештата се смениле во 1986 година. Вуорнос ја запознала Тирија Мур во бар на Дејтона бич и започнале романтична врска. Тоа била нејзина втора врска со жена, а сите нејзини клиенти биле средовечни белци од средна класа. Таа година почнало нејзиното убивање.

Вљубените жени почнале да крадат од забава, но по извесно време тоа не било доволно. Вуорнос почнала да прави повеќе злосторства за да стекне пари и ништо не ѝ стоело на патот. Имала неконтролирани напади на бес и често ја злоставувала Тирија.
До 1990 година Тирија станала свесна што прави Ајлин. Полицијата успеа да изнуди признавање од Тирија за убиствата на Ајлин.
Позната како „Дама на смртта“, се верува дека извршила седум убиства во период од 1989-1991 година. Осудена е за убиствата и подоцна признала дека ги извршила за што е осудена на смрт. Стоела на автопат или стопирала, потоа би пукала во жртвите, ги ограбувала и се ослободувала од телата.
Ајлин раскажала неколку верзии за убиствата, но на крај изјавила дека тие мажи биле злоставувачи на деца, силувачи и дека го добиле заслуженото. Исто така, таа додала дека се бранела од нив.
Полицијата смета дека бројот на жртвите е поголем, а дел од нив се застрелани, ограбени и закопани во шума. Во истата шума биле пронајдени уште машки тела во последните неколку години, кои датираат од 90-тите години.
Откако била прогласена за виновна, Ајлин била осудена на смрт со инјекција во 1992 година. При судењето, вештак предложил дека нејзиниот недостаток на грижа на совест и желбата да се фали за злосторствата, се доволна причина да се осуди на смрт. По разни жалби, казната е извршена во 2002 година.Ајлин Ли Керол Вуорнос е родена на 29 февруари 1956 година во Рочестер, Мичиген. Нејзиниот татко е осуден два месеци по нејзиното раѓање поради зло

Пронајдете не на следниве мрежи: