Влажните марамици станаа незаменлив „соборец“ на секоја современа домаќинка. Со нив се трга шминката, се бришат дамки и прашина, а потребни им се и на бебињата. Сигурно сте забележале дека е голем трошок во секој момент да бидете опремени со ова хигиенско средство и затоа ви претставуваме трик како да направите „домашни“ влажни марамчиња. Следете ги упатствата- ќе заштедите многу пари, и што е уште поважно ќе избегнете силна хемија која инаку ја има во фабрички произведените марамчиња.
Ќе ви биде потребно:
Тоалетна хартија
Сад
Бебешки шампон
Кокосово масло
Две чаши вода
Сад кој може да се става во микробранова печка
Постапка:
Доколку е потребно, пред сите чекори скратете ја ролната тоалет хартија или бришачи. Помешајте го шампонот, маслото и водата, и ставете ја мешавината во микробранова печка на 45 секунди. Течноста потоа ставете ја во сад кој сте го подготвиле и додадете ја ролната хартија во течноста. Оставете да се потопи неколку минути. Потоа тргнете ја хартиената ролна од средината.
Со нож направете мал отвор на капакот, провлечете ги првите неколку листови хартија и вашите влажни марамчиња се подготвени за користење!Следете ги упатствата- ќе заштедите многу пари, и што е уште поважно ќе избегнете силна хемија која инаку ја има во ф