„Навистина не е пријатно кога ќе прочитате дека некој ви ја посакува судбината на убиената пејачка од Борча. Со причина сум уплашена“, рекла Дара Бубамара.Дара Бубамара добила стравични пораки, при што се гледа дека некој ѝ се заканува со убиство. Таа навела дека после тоа не ѝ е сеедно.
„Не ме прашувајте ништо. Минувам низ пекол. Ми пристигнуваат заканувачки пораки и многу сум вознемирена поради тоа. Од непознат број порачано ми е дека сум глупачка и олош, кој ќе заврши како Јелена Марјановиќ, а се поради тоа што не сум ѝ се јавила на таа личност. Навистина не е сеедно кога ќе прочитате дека некој ви ја посакува судбината на убиената Јелена. Со причина сум исплашена“, рекла Дара за српските медиуми и додала дека ќе го пријави случајот во полиција, доколку продолжат заканите.
„Иако се исплашив не повикав полиција. И понатаму верувам дека тие пораки не се сериозни, но за секој случај најмив телохранител“, навела таа.
Наводно, Дара добила пораки со следната содржина:
Непозната личност: Зошто не се јавуваш на тој телефон?
Дара: Кој е тоа?
Непозната личност:Што ти на мене кој е тоа? Јависе на тој телефон глупачко една. Мислиш дека си важна.
Дара:Немој така да ми се обраќаш, не се познаваме.
Непозната личност: Секако дека не ме познаваш, не се фолирај. Ќе завршиш како пејачката на насипот во Борча, олошу еден.Дара Бубамара добила стравични пораки, при што се гледа дека некој ѝ се заканува со убиство. Таа навела дека после тоа не ѝ е сеедно.
&bdqu