Откако се врати од турнејата по Америка, Драган Којиќ Кеба заврши на Институтот за кардиоваскуларни болести „Дедиње“, поради проблеми со срцето.Пејачот веќе неколку години има ангина пекторис која ја лекува, што значи дека мора строго да се чува, а минатиот вторник му се слоши и веднаш е примен во болница.
-Кеба многу работеше во изминатите месец дена. Кога отиде во Америка ја смени климата и штом се врати во Белград почувствува силна болка во градите. Тој и претходно имаше проблеми со срцето, па итно се јави кај својот лекар кој му нареди строго мирување и му препиша нова терапија, вели извор од болницата.
-Кај Кеба ангина пекторис првпат е откриена пред три години кога му е препишана и терапија. Сепак најважно е да ја избегнува секоја стресна ситуација и што повеќе да мирува. Лековите можат да му ја подобрат состојбата, а сѐ останато зависи од него. Исто така битен фактор е редовната и здрава исхрана. Пред три месеци последен пат беше на клиниката зошто и тогаш му се слоши и му правеа детални прегледи, па дури лекарите размислуваат и за операција. Меѓутоа му стана подобро, па операција е одложена, но не е исклучена, ако повторно му се појават напади, вели извор.
Инаку, ангина пекторис е заболување предизвикано од намален доток на крв во срцевиот мускул и доколку не се лечи адекватно, може да доведе до инфаркт, или дури и до смрт.Пејачот веќе неколку години има ангина пекторис која ја лекува, што значи дека мора строго да се чува, а минатиот вторник му се слоши и веднаш е пр