Активистот во Шарената револуција Замир Мехмети, по предлог на Владата предводена од премиерот Зоран Заев и СДСМ стана член на Одборот на директори на Телеком. Останува нејасно кои се критериумите за поставување на Мехмети на оваа функција?Мехмети, инаку познат како еден од главните ликови на Шарената револуција, во животот нема работено ништо што е поврзано со телекомуникациите и менаџирањето, она што е познато за неговата кариера е дека бил активен во неколку невладини организации, најголемиот дел финансирани од Сорос.
Граѓаните гласно прашуваат дали ова е таа департизација на институциите и општеството која Заев ја најави, а откако дојде на власт на неколку ресори постави функционери кои што немаат никакви поврзаности со работата која сега ја работат, меѓутоа се членови на СДСМ или беа активни во текот на Шарената револуција. Дел од медиумите веќе пишуваа дека Мехмети ќе се офајди со 5.000 евра месечна плата и буџет да купи кола од рангот на Ауди А4. Ова се сумите и бенефициите кои ги добиваат членовите на бордот на Македонски Телеком.
Исто така јавноста се прашува и како предлогот Замир Мехмети да влезе во Управниот одбор на Телеком бил прифатен од Владата, предлог за кој гласале и министрите од ДУИ, за кои во мај оваа година активистот Мехмети кажа дека не би им верувал ниту за благајници во куќен совет да бидат.
-Не знам кој е точниот пазар на Заев со Ахмети ама пола од предлог министрите од ДУИ, не би им верувал ни за благајници на куќен совет да бидат. Толку капитални кадровски компромиси би биле контрапродуктивни кон идејата на новото време. Ова се разбира ако сакате владата да е реформска, ако не супер е и вака, напиша на Фејсбук членот на т.н. „Шарена револуција“ и брат на Ермира Мехмети, Замир Мехмети.
Граѓаните веќе велат дека ниту еден потег на новата Влада на СДСМ не може да ги изненади, па така и поставувањето на Замир Мехмети во Одоброт на директори на Телеком не е нешто што не можело да се очекува. Тие велат дека поставување на неспособни кадри е одлика на владеењето на СДСМ во првите три месеци.
Поставувањето на Замир Мехмети во Одборот на директори на Телеком дигна голема прашина во македонската јавност, па дури беше и повод поранешни новинари да потсетат дека неговата сестра, Ермира Мехмети му ги поправала „кецовите“.
-Замир, брат и’ на Ермира, е поставен за директор во “Телеком”. Пред десетина години, во медиумите имаше текст дека Ермира му поправа кецови во “Зеф Љуш Марку”. Чекаме став од Мирјана Најчевска Велика Пречесна, дали “кецарош”, нејзиниот “омилен” профил, е во ред да биде директор со 2-3000 евра плата.Или, сега може? Најчевска, се слушаме? Или ти ги оперираа гласните жици?, напиша Јорданка Ивановска-Јоци на социјалната мрежа Фејсбук.
Ова не е прв пат членови на Шарената револуција, активисти на Невладините организации на Сорос, твитерџии и партиски членови без никакви критериуми да бидат вработени на високи позиции на во државните институции.
Ваквата кадровска политика на владата на СДСМ, но и општо целокупната политика на СДСМ доведе до големо незадоволство кај членовите на партијата и нејзините поддржувачи.Мехмети, инаку познат како еден од главните ликови на Шарената револуција, во животот нема работено ништо што е поврзано со телекомуникациите и мен