Јогуртот во последните неколку години станува се попопуларен бидејќи содржи жива култура кои ја подобруваат работата на системот за варење и здравствената состојба на целиот организам.Но, треба да знаете дека бројни видови на јогурт, зависно од произведувачот, содржат дури 2 до 3 живи култури, додека некои видови јогурт воопшто не ги содржат.
Кефирот е производ сличен на јогуртот, но многу поздрав. Досегашните истражувања покажале дека постојат бројни причини поради кои кефирот треба да го вметнете во секојдневната исхрана:
Содржи добри бактерии
Кефирот по правило содржи дури 3 пати повеќе пробиотици во однос на јогуртот. Содржи 10 до 20 различни видови пробиотици, додека јогуртот содржи само 2 до 3.
Одличен извор на В витамини
Кефирот содржи неколку витамини од В групата, кои се познати по тоа што го подигаат нивото на енергијата во телото. Некои од витамините од Б групата, кои ќе ги пронајдете во кефирот се: тиамин, фолна киселина, рибофлавин и биотин. Иако голем број на луѓе веруваат во тоа дека витанинот В12 може да се најде само во месото, кефирот е исто така еден од одличните извори.
Ја подобрува работата на системот за варење
Голем број луѓе со потешкотии во работата со системот за варење, чувствуваат подобрување по секојдневно конзумирање на кефирот. Исто така, повеќето луѓе со блага интолеранција на лактозата без проблем можат да уживаат во кефирот.
Го регулира нивото на шеќерот во крвта
Едно истражување покажало дека лицата, кои секојдневно конзумираат кефир, имаат помал ризик од појава на нагли промени на нивото на шеќерот во крвта и зголемување на нивото на холестеролот во крвта. Кефирот може да допринесе во превенција на болест на кардиовасуларниот состав и дијабетес тип 2.Но, треба да знаете дека бројни видови на јогурт, зависно од произведувачот, содржат дури 2 до 3 живи култури, додека некои видови јогурт воопшто н



