Сопственикот на еден познат ресторан во Виена му дал отказ на вработениот, бидејќи без прашање зел шеќер во прав кој го ставил врз овошјето што си го купил за ужина.Во еден познат ресторан во Виена се случил инцидент кој што завршил на суд.
Имено, еден од келнерите за време на паузата за ручек си купил јагоди. Од оставата на ресторанот „позајмил“ малку шеќер во прав за да си го заслади овошјето. Резултатот од постапката не го изненадил самоо него, туку и целата австриска јавност – келнерот бил отпуштен, со објаснување дека шеќерот го земал без прашање.
Тој веднаш се обратил до Работничката комора и случајот завршил на суд.
Пресудата е во негова корист, бидејќи беше оценето дека „позајмувањето шеќер не е кражба, бидејќи не постоела намера за вработениот да се збогати. Затоа и не постои никаков основ за давање на отказ“.
„Употребата на педесеттина грама шеќер во прав, во вредност од десетина центи без знаење на надредениот, не е деликт поради кој работодавачот смее да си земе за право да го отпушти вработениот без давање на отказен рок“, стои во судската одлука.
Имено, ова не е прв скандал кој што е поврзан со овој ресторан. Пред извесно време, еден вработен доби отказ бидејќи „премногу“ се смеел.
Сопственикот на ресторанот се жалел на одлуката.
-Не станува збор за вредноста на робата. Најголемиот проблем е тоа што шеќерот беше земен без прашање, вели Плахута.Во еден познат ресторан во Виена се случил инцидент кој што завршил на суд.
Имено, еден од келнерите за време на паузата за ручек си купил



