Сигурно милион пати досега сте размислувале за позадината на подготовката на храната од вашиот омилен ресторан. Келнерите и готвачите откриваат што никогаш не би нарачале.Вработените искрено на Редит одговориле на прашањето што никогаш не би јаделе од ресторанот во кој работат. Судејќи по одговорите ниту обична супа не е сигурен избор бидејќи во поголем број од рестораните не се ни чува во фрижидерите. Бројни предупредија на разни додатоци кои се ставаат во пијалаците, најчесто лимон кој во главно не го ни мијат. Исто се однесува и на портокалот и се останато добро познато третирано со пестициди овошје.
Во фините ресторани се почесто се нуди цедено масло од тартуфи, кое како што велат не содржи ни трошка скапоцена габа. „Тотално вештачки добиен мирис и вкус на база на петролеј“, напоменуваат во одговорите.
Во Јапонските ресторани, гостите често нарачуваат т.н. “spicy yellowtail”, во кој се ставени сите отпадоци на различни видови на риби, кои речиси никогаш не се ни свежи. Најлошо од се е тоа што дури и не знаете што всушност јадете, бјаснува корисникот dymlostheoni.
Корисник кој работи дури во два ресторани, отишол толку далеку што заклучува дека најдобро е луѓето да јадат дома бидејќи единствено така знаат што јадат. Истакнато е дека ништо во рестораните не е свежо, дека чиниите не се мијат, салатата секогаш не е измиена, а за хигиената не сакаат воопшто да разговараат.
Следен пат кога ќе нарачате обична минерална вода или газиран пијалак, размислете за лимонот кој редовно ви го ставаат во пијалакот, запрашајте се и салатата дали е измиена, или колку пржени компирчиња само испржила никогаш неизмиената фритеза.
Јадете во проверени ресторани, а масовните места со илјада јадења на менито, слободно заобиколете ги. Вработените искрено на Редит одговориле на прашањето што никогаш не би јаделе од ресторанот во кој работат. Судејќи по одговорите ниту обична супа