Полицијата пред неколку дена, привела на информативен разговор девојка од Белград за свирепото убиство на Јелена Марјановиќ.Од неа е земен примерок од ДНК, кој е испратен на вештачење, за да се установи дали се поклопува со оној, кој е пронајден на местото на злосторството на облеката на Јелена.
„Девојка која работела во едно кафуле во Белград, е приведена на информативен разговор. Таа демантирала дека има каква било врска со убиството на пејачката. Меѓутоа, од неа е земен примерок на ДНК, кој е испратен на вештачење. Таа објаснила дека не ја познава добро Јелена, туку само ја гледала како гистинка во кафулето каде што работела. Сопственикот бил близок пријател на Јелена“, објаснува извор кој е поврзан со истрагата.Од неа е земен примерок од ДНК, кој е испратен на вештачење, за да се установи дали се поклопува со оној, кој е пронајден на местото на злосторство