Кери: Американците имаат право да бидат глупави

 Американскиот државен секретар Џон Кери во вторникот на предавањето пред германските студенти во Берлин рече дека „Американците имаат право да бидат глупи ако тоа го сакаат“, пластично појаснувајќи ја бескомпромисната слобода на говорот и религиите во САД, пренесува Reuters.„Како земја, како општество, ние живееме и дишеме со идејата за вестите слободи и верската толеранција, без оглед на религијата, и политичка слобода и политичка толеранција, без оглед на политичките ставови“, изјавил американскиот државен секретар Џон Кери пред германските студенти.„Луѓето понекогаш се прашуваат зошто Врховниот суд и’ дозволува на оваа или на онаа група провокативни маршеви, па дурии навреди на некоја друга група“, рекол Кери„ А причината е токму слободата, слободата на говорот. „Како Американец имате право да бидете глуп, доколку тоа го сакате“, додал американскиот државен секретар предизвикувајќуи смеа во публиката,„А ние тоа го толерираме. Некако ни успева тоа. И мислам дека тоа е доблест, нешто за што е вредно да се боди“, порачал Кери.Џон Кери, инаку, во текот на 1950-те живеел во Берлин како син на американски дипломат и на студентите од овој град во вторникот им раскажувал како со велосипед без ничие знаење се провозел во тогашен Источен Берлин, зад „железната завеса“ во тогашната комунистичка Источна Германија.„Велосипедот и јас бевме најдобри пријатели. Се сеќавам како се возев по Курфуерстендам и не видов ништо освен урнатини. Тоа беше во 1954 година, војната сé уште силно беше во свеста на луѓето… Еден ден, користејќи го дипломатскиот пасош, со велосипедот го минав ’чекпоинтот’ директно во источниот сектор“, рекол Кери додавајќи дека веднаш ја воочил разликата во однос на западот и меѓу луѓето и во инфраструктурата „Беше мрачно, луѓето изгледаа некако несреќно“, продолжи Кери и рекол дека тоа „оставило солен впечаток врз него“, тогашен 12-годишни, „Како дете ја видов разликата меѓу западот и Истокот и никогаш тоа не можев да го заборавам“, рекол американскиот државен секретар завршувајќи ја приказната со тоа дека тоа веќе никогаш не го повторил, па и поради тоа што татко му го одземал дипломатскиот пасош кога чул што сторил.
Макфакс Американскиот државен секретар Џон Кери во вторникот на предавањето пред германските студенти во Берлин рече дек

Пронајдете не на следниве мрежи: