Керим: Кризата ќе се реши само со избори

-Мислам дека со тие избори повеќе прашања и дилеми ќе се решат. Прво ќе видиме кој навистина има доверба од народот да владее со државата, а кој не. Второ, ќе ја извадиме економијата од оваа нестабилност во која влезе, попрецизно нарушување на стабилноста, поради оваа политичка криза, изјави Керим.Керим исто така потенцира дека не сме сами и оти нѐ набљудува целиот свет.
-За надворешниот имиџ на Македонија, за нејзината севкупна стабилност е многу важно институциите да функционираат и нивната легитимност да биде признаена и прифатена. Не можеме постојано да одиме во циклуси, легитимни се, нелегитимни се. Ако ние сами ги рушиме тие институции, се поставува прашањето: како ќе ги изградиме рушејќи ги постојано, вели Керим.
-Некој можеби ќе полемизира дека треба да ги срушиме до крај, па да правиме нови. Тогаш јас ќе реплицирам: Извинете, каква е таа демократија? Ако ние треба да ги рушиме институциите до крај, до темел, за да правиме нови, тоа не е демократија. Тоа е во тоталитаристички режими и слични ситуации неопходно. Меѓутоа во нашиов случај, тоа апсолутно не е неопходно, додаде Керим.Керим исто така потенцира дека не сме сами и оти нѐ набљудува целиот свет.

Пронајдете не на следниве мрежи: