Тактизирањето на одделни земји при изборот на новиот Генерален секретар на Обединетите нации резултира со сериозно поместување во индивидуални случаи како што е падот на словенечкиот кандидат, Данило Турк од второ на осмо место при дното на табелата и обратно словачкиот кандидат, Лајчак се искачи од последната на втората позиција.Тоа укажува на релативноста на бројот на гласовите во оваа фаза на изборниот процес, вели македонскиот кандидат Срѓан Керим.
Во тој контекст, нагласува, се забележува дека португалскиот кандидат Антонио Гутјереш, кој и овој пат беше прво пласиран од круг во круг добива поголем број на негативни гласови. Се заедно тоа значи дека трката останува отворена и кога ќе влезе во фаза на употреба на правото на вето од страна на петте постојани членки на Советот за безбедност ќе може да се процени кој од кандидатите има реални шанси да прерасне во компромисно решение.
Следниот круг на гласање се очекува кон средината на септември. Претстојното заседание на Генералното собрание на Обединетите нации ќе биде искористено максимално за консултации со земјите членки на Советот за безбедност на ниво на шефови на држави и министри за надворешни работи со цел да се добие поддршка за македонскиот кандидат.Тоа укажува на релативноста на бројот на гласовите во оваа фаза на изборниот процес, вели македонскиот кандидат Срѓан Керим.
Во тој контекс