С.М. (30) оваа недела извршила самоубиство во Мостар, а телото го пронашла нејзиата мајка Сенка Мерџо.- Тргнав да купам леб и влегов во собата да ја земам јакната. Ја видов мојата ќерка како лежи на подот, неподвижна со ќеса на главата – ја започнува страшната приказна Сенка Мерџо.
Некако успеала да собере храброст и ја тргнала ќесата од нејзината глава, но нејзината ќерка веќе била мртва.
– Во последните неколку дена не забележав ништо сомнително кај неа што би ми укажало дека би го направила ова, – вели Сенка, додавајќи дека нејзината ќерка била тивка и повлечена.
Како што вели Сенка, последните шест месеци постојано со неа носела фотографија од татко и кој починал пред 6 години и постојано зборувала дека сигурно сега му е подобро. Мајката вели дека на овој трагичен потег ја натерала сиромаштијата во која живееле и од која немале излез. Станот во кој живееле бил алтернативен смештај, а С.М. и покрај тоа што имала завршено Економски факултет била невработена.
Во Заводот за вработување била шест години, чекајќи подобро утре, кое не го дочекала. Живееле од скромната плата на мајка ѝ.
– Вчера се однесуваше нормално, како и секој обичен ден. Синоќа заспав пред неа и не знам кога го направила тоа. Утрово ја најдов мртва. Постојат многу прашања за кои одговор нема, не оставила ниту писмо – вели мајката.
Со голема болка, се потсетува како неодамна кога дошла од работа ја нашла својата ќерка дома со длабок рез на раката.
– Најверојатно се обидела да си ги пресече вените но не успеала… Не очекував дека може повторно да крене рака на себе.
Со оглед на тоа дека Сенка нема никој свој во Мостар, бидејќи по потекло е од Хрватска, со својата скромна плата не е во можност да ја погреба својата ќерка. Затоа, помошта од добрите луѓе за оваа осамена мајка е неопходна за да успее достоинствено да ја закопа својата ќерка.- Тргнав да купам леб и влегов во собата да ја земам јакната. Ја видов мојата ќерка како лежи на подот, неподвижна со ќеса на главата – ја започнув