Ќерката гледала додека таткото пред нејзини очи ја колел мајка и!

Голема трагедија се случила вчера во Свилајнац. Притоа, Србислав Тодоровиќ ја заклал својата жена Гордана пред нивната малолетна ќерка, а потоа самиот си го пресекол вратот.Жената веднаш починала, а мажот на пат до болница. 
– Глетката која ја затекнавме во станот беше страшна. Жената лежеше целата во крв на подот во дневната соба. Мажот на кој вратот му беше пресечен лежеше покрај неа и покажуваше знаци на живот. Имаше повеќе убоди по стомакот и вратот. Злосторството е извршено со кујнски нож, рекол извор од истрагата за српски Курир.
Според изјавите на соседите Србислав и Гордана биле долги години во брак, живееле во куќа во близина на Свилајнац и имале две ќерки.
– Пред три месеци Гордана ја напушти куќата во која живееа и со намера да се разведе дојде во Свилајнац и изнајми стан. Не можела повеќе да го поднесе Србислав бидејќи имал проблеми со алкохолот. Постарата ќерка учи во Крагујевац, а помладата која има само 11 години живееше со Гордана и била присутна за време на убиството, изјавила соседка на Гордана.
Таа додала и дека Србислав дошол во станот на Гордана околу 14 часот но дека ништо не укажувало на тоа дека ќе се случи таква трагедија.
– Нивната избезумена ќерка, која гледала што се случува одеднаш врескајќи излета од станот во ходникот. Сирото дете гледало како татко и ја коле мајка и, посочила потресената соседка.
Гордана ја познавала три месеци, но истакнала дека била добра, паметна и љубезна жена.Жената веднаш починала, а мажот на пат до болница. 
– Глетката која ја затекнавме во станот беше страшна. Жената лежеше целата во крв

Пронајдете не на следниве мрежи: