Фамилија Фрчкоски продолжуваат со своите бисери, интересни изјави, коментари, чиниш во Македонија има натпревар кој ке даде поглуп коментар. Слушавме за разно разни поделби на државата, за разно разни клешти, за разни демонтирања од страна на господинот Фрчкоски. Како што и самиот народ кажал, крушка под крушка паѓа, така што по примерот на својот татко, татината ќерка сака да привлече барем малку внимание од јавноста со своите интересни статуси на Фејсбук.
Меѓутоа, за да не не начекаат и нас на некој од скопските паркинзи, нема да се задржуваме и да го спомнуваме тоа дека токму татко и е еден од оние кои дадоа 200 000 пасоши на АЛБАНЦИТЕ против кои Јохан се бореше за да останат на власт.
Затоа, сакаме само да го прашаме следново: Како тоа човек кој што го ставил својот живот на послужавник за оваа држава, како тоа човек кој што денес ПРВ би облекол униформа за да ја брани Македонија од сите непријатели може да биде ВОЕН ЗЛОСТОРНИК? Како е возможно ништо во оваа држава да не и чини на опозицијата па дури ни самиот народ? Како е возможно сите мамини мази од СДСМ кои тоа време седеа во своите домови и се криеја да бидат патриоти, а тие што се бореле да бидат злосторници? Кога ке успеете да го одговорите ова, ке ја сфатите причината поради која народот и не ве сака…. А и никогаш нема да ве засака…
Фамилија Фрчкоски продолжуваат со своите бисери, интересни изјави, коментари, чиниш во Македонија има натпревар кој ке даде поглуп коментар.