Скај МекКол Бартусиак починала во саботата. Ја пронашол дечкото. Се претпоставува дека имала епилептичен напад. Напозната е по улогата на Сузан во филмот „Патриот“.Телото на младата глумица Скај МекКол го пронашол нејзиниот дечко. Се претпоставува дека 21 -годишната девојка починала од епилептичен напад.
„Мислиме дека имала напад и дека се задушила, а немало никој да и помогне“, кажала Хелен МекКол Бартусиак, мајка на починатата. Дечкото ја пронашол како седи на кревет во станот, кој се наоѓа вреднаш до нејзината семејна куќа во Тексас. Болничарите од итна помош се обидувале да ја оживеат цели 45 минути, но не успеале. Изминатите неколку години нападите престанале, но се вратиле и Скај цела измината недела имала епилептични напади, додала Хелен.
Скај имала само седум години кога ја добила улогата во филмот „Патриот“, а освен со Гибсон глумела и со Шерлиз Терон и Мајкал Даглас.
Освен помали улоги во филмови Скај гостувала и во серијали како „24“, „Изгубени“, „Доктор Хаус“, и сл.
Телото на младата глумица Скај МекКол го пронашол нејзиниот дечко. Се претпоставува дека 21 -годишната девојка починала од епилептичен напад.



