Дали Специјалното јавно обвинителство стана база за згрижување на партиски кадри и членови на семејствата.Ова прашање се погласно се поставува откако од вчера во обвинителството на Катица Јанева се вработени нови 34 лица. Оваа одлука од СЈО не ја потврдуваат и за неа не ги информираат граѓаните иако станува збор за средства од буџетот, но според информациите до кои дојде Press24 меѓу ново вработените е Елена Јосифовска, ќерка на една од обвинителките на Јанева. Но таа не е единствената. Вработено е и лицето Владимир Миладиновски кој е дел од нејзиното семејство, а решение за вработување добил и Љупчо Чучурски од Берово, прв братучед на обвинителот Гаврил Бубевски кој стана познат како кумашин на адвокатот на Зоран Заев, Филип Медарски. Катица Јанева располага со огромни средства кои и се доделени од буџетот но барем засега изостанува отчет пред јавноста и пратениците како се трошат парите на граѓаните.Вчера некои медиуми објавија дека кружат информации дека на платниот список на Катица Јанева се адвокатот Тортевски, поранешниот обвинител Јован Трпеновски и професорот Шкариќ, кои секојдневно се појавуваат во медиумите да ги бранат ставовите на специјалното обвинителство. Од СЈО изостана одговор дали токму овие лица се на списокот и покрај серијата прашања кои во повеќе наврати до обвинителството ги испрати Press24.
Нетранспарентноста, серијата скандали во кои се вплете СЈО и капацитетот на Јанева си го сторија своето.
Според анкетите, многу мал дел од граѓаните сметаат дека Катица Јанева и нејзиниот тим работат професионално и непристрасно. Имено, во истражувањата преку 60% од граѓаните сметаат дека катица јанева е партиски експонент на СДСМ или постапува исклучиво по налог на некои меѓународни претставници…Ова прашање се погласно се поставува откако од вчера во обвинителството на Катица Јанева се вработени нови 34 лица. Оваа одлука од СЈО не ја потврд