Киану Ривс денеска наполни 50 години. Затоа ќе го смениме сценариото на неговите филмови!

Канадскиот актер кој и понатаму е препознатлив по неговата бебешка убавина, денеска наполни 50 години. Овој актер сѐ уште изгледа неверојатно и како времето да застанало за него.Во Холивуд е тренд да се снимаат продолженија и други верзии на филмовите во последно време, па затоа решивме да го смениме сценариото на некои од филмовите на Киану Ривс. Сето ова во чест на неговиот 50-ти роденден.
Point Break
Времетраење: 6 часа.
Наместо да се спријатели со група криминалци, искусниот ветеран Џони Јута интервјуа неколку сведоци, соодветно ја завршува папирологијата и ги убива криминалците во нивната куќа на плажата, без загрозување на цивилни животи. Подоцна скока од авион.
Matrix
Времетраење: 41 минута
Средовечниот и искусен Нео ги разбира вистинските мотиви на машините, ја прифаќа црвената пилула со цел да побрзо да ја научи сложеноста на отпишувањето на долгови за данок. Така, заштедува многу пари и живее среќно до крајот на животот.

Hardball
Времетраење: 2 дена, вклучувајќи ги и рекламите
Страствениот тренер игра неколку часа со Крис Метјуз во слободното време, со цел да биде информиран за најважните случувања во текот на денот.
The Lake House
Времетраење: 25 минути
Соочувајќи се со празнината која ја оставаат нивните деца кои се запишуваат на колеџ, средовечниот пар (Киану Ривс и Сандра Булок) одлучува да се пресели мирна куќа покрај езерото. Тие се многу задоволни од нивниот избор и децата често им доаѓаат во посета.
Speed
Времетраење: 45 минути, во зависност од тоа колку црвени светла ќе фатите на семафор.
Поради ужасниот сообраќај во 2014 година, автобусот во кој е ставена бомбата никогаш не ја достигнува брзината од 50 милји на час. Постариот Џек Травен лесно ја деактивира бомбата и го искористува моментот за да го убеди градот да се инсталираат побезбедни и поефикасни методи за надзор и безбедност во јавниот превоз.Во Холивуд е тренд да се снимаат продолженија и други верзии на филмовите во последно време, па затоа решивме да го смениме сценариото на некои од

Пронајдете не на следниве мрежи: