Со веење македонски знамиња и порака за зачувување на уставниот поредок голем број граѓани на Кичево и денес му дадоа поддршка на Граѓанското движење за одбрана на Македонија.-Денешната порака од граѓаните на Кичево ќе биде сите политички субјекти кои го потпишаа Пржинскиот договор да смогнат сила и на 5ти јуни да излезат на избори. Тоа значи да останат достојни на своето ветување пред нивниот електорат на кој му ветуваа се и сешто, а сега излегуваат анемични и не излегуваат на избори. Практично го лажат нивниот електорат. Затоа уште еднаш ги молам сите да излезат на 5ти јуни на избори и да се види кој е кој на македонската плуралистичка сцена, истакна Гулаб Сарафилоски од ГДОМ.
Тој истакна дека потребно е да се направи разлика меѓу оние кои не сториле ништо на македонската политичка сцена, освен уништувањето на фабриките и оставањето на многу граѓани на улица, и разликата меѓу сегашните луѓе кои ја водаат државата, градат патишта, пруги, болници, градинки …-Денешната порака од граѓаните на Кичево ќе биде сите политички субјекти кои го потпишаа Пржинскиот договор да смогнат сила и на 5ти јуни да излеза