Киднапирал девојка и цел час ја држел со сатар под грло заканувајќи и се дека ќе ја убие!

Еден растроен маж кој бил вооружен со сатар земал девојка како заложник на сред улица во кинескиот град Кунминг а целата случка била снимена со камера.Кинезот ја заробил девојката на сред улица и и' ставил сатар под грлото заканувајќи се дека ќе ја убие, но се уште е непознато кои биле неговите мотиви, пренесува The Independent.
Девојката на снимката била преплашена и не трепнала од страв, а по еден час преговори со полицијата, вооружениот маж од страна бил нападнат и совладан од друг маж во цивилна облека.

Подоцна се воспоставило дека другиот маж бил всушност полицаец преправен во цивил. Девојката минала без повреди, напаѓачот бил совладан, но полицаецот се здобил со повреда. Не е јасно ниту за каква повреда станува збор.
Напаѓачот бил приведен а девојката набрзо по ослободувањето се онесвестила и била префрлена во болница.
Радиото Free Asia известило дека само минатиот месец во Кунминг биле извршени 29 убиства со нож. Властите за нападот ги обвинуваат сепаратистите од регионот Ујгур во провинцијата Шинјанг.Кинезот ја заробил девојката на сред улица и и' ставил сатар под грлото заканувајќи се дека ќе ја убие, но се уште е непознато кои биле неговите мо

Пронајдете не на следниве мрежи: