Денеска група вооружени мажи го киднапирале либискиот премиер Али Зејдан од хотел во Триполи.Телевизијата „Скај Њуз Арабија“ од Абу Даби, повикувајќи се на извори во либиските безбедносни сили, јави дека Зејдан бил грабнат од хотелот во кој бил сместен и е однесен во непознат правец.
Киднапирањето на Зејдан официјално го потврди и либиската Влада.
Во кусото соопштение на владината интернет страница се наведува дека денеска пред разденување вооружени лица, најверојатно поранешни бунтовници, упаднале во хотелот во Триполо, каде се наоѓа канцеларијата на премиерот и го одвлекле во непознат правец.Телевизијата „Скај Њуз Арабија“ од Абу Даби, повикувајќи се на извори во либиските безбедносни сили, јави