Киднапирана девојка по 17 години го пронајде семејството, благодарение на една случајност!

Млада Јужноафриканка, киднапирана пред 17 години кога имала само три дена, го пронајде нејзиното вистинско семејство благодарение на еден сосема случаен настан, соопшти полицијата, цитирана од АФП.На почетокот на учебната година, соучениците на девојката забележале застрашувачка сличност меѓу неа и друга ученичка во истото училиште во Кејптаун. Извршените ДНК-тестови утврдиле дека двете девојки се сестри.
Девојката, која нејзиното семејство ја нарече Зефани, била украдена во април 1997 година од породилното одделение додека мајка ѝ спиела, раскажуваат јужноафриканските медиуми.
Нејзините биолошки родители во меѓувреме добиле уште три деца, но секоја година го славеле роденденот на Зефани и не ја изгубиле надежта дека еден ден таа ќе им се врати дома. Кога помалата биолошка сестра на девојката – Касиди тргнала на училиште, соучениците биле изненадени од сличноста помеѓу нив двете.

Касиди им раскажала на нејзините родители за сличноста со Зефани и тие ја поканиле на кафе, а потоа се јавиле во полиција.
Портпаролот на полицијата соопшти дека по истрагата била уапсена 50-годишна жена, против која подоцна биле покренати обвиненија за киднапирање, измама и кршење на законот за заштита на децата, бидејќи лажно тврдела дека е биолошка мајка на Зефани.
Зефани сега им е доверена на социјалните служби. Уште едно интересно сознание е дека без да знаат, вистинските родители на киднапираната девојка живееле сосема блиску до исчезната ќерка.На почетокот на учебната година, соучениците на девојката забележале застрашувачка сличност меѓу неа и друга ученичка во истото училиште во Кејптау

Пронајдете не на следниве мрежи: