Апаресида Шунк, тештата на првиот човек на Формула 1, Берни Екелстон, е киднапирана во петокот во Сао Паоло, а грабнувачите бараат откуп од 36,5 милиони долари, јавуваат денеска бразилските весници.Медиумите пишуваат дека мајката на сопругата на Екелстон е киднапирана минатата недела, но дека оваа информација се` уште официјално не е потврдена, затоа што локалната полиција телефонски е недостапна за јавноста.
Киднапирањата во Бразил се честа појава. Според полициските извештаи, дневно се случуваат и по неколку грабнувања, а грабнувачите обично бараат откуп до неколку стотини бразилски реали.
Моментно, Бразил се наоѓа во една од најтешките економски состојби во последниве сто години.
Според списанието „Форбс“, Берни Екелстон „тежи“ 3,1 милијарди долари и е еден од најмоќните луѓе во светот на спортот. Се ожени со Фабијана Флоси во 2012, три години откако ја запозна на бразилското „Гранд При“.Медиумите пишуваат дека мајката на сопругата на Екелстон е киднапирана минатата недела, но дека оваа информација се` уште официјално не е потврдена