Киднапирање во Батинци, полиција го истражува случајот

Вчера пет минути пред полноќ во полициската станица во Драчево, Б.К. телефонски пријавила дека нејзиниот дваесетгодишен внук К. Б. од Батинци, истиот ден околу 22:20 часот тргнал пеш од село Љубош и на околу 50 метри пред неговиот дом застанало возило, по негово кажување комбе, од кое излегле неколку лица и истите му ставиле вреќа на главата, информираат од полицијата.Потоа го ставиле во возилото и напуштиле местото на настанот. По некое време К.Б се разбудил на место викано „Ќупријан“-с.Батинци, повреден. Истиот пеш се упатил кон својот дом околу 23:40 часот. Од страна на неговата тетка со која живеел била повикана итна медицинска помош при што лицето било однесено во Ургентниот центар во Скопје, за потоа истиот биде препратен во Градската општа болница„ 8-ми Септември“, каде му е укажана лекарска помош и бил пуштен на домашно лекување.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР-Скопје, а за настанот бил запознат и Јавен обвинител.Потоа го ставиле во возилото и напуштиле местото на настанот. По некое време К.Б се разбудил на место викано „Ќупријан“-с.Батинци, повр

Пронајдете не на следниве мрежи: