На 29.09.2017 година во 23:50 часот во полициската станица Ѓорче Петров, С.Б. (27) од Чичино Село-скопско, пријавила дека нејзиното 11 годишно дете на 25.09.2017 година на последна автобуска постројка во с.Сарај, било пресретнато од страна на три лица од кои едното од нив претходно го познавала.Истите биле со возило, по што детето насилно го внеле и го однеле во таванска просторија од куќа во која живеело едно од лицата.
Потоа го носеле детето на неколку локации во градот за да питачи. На 29.09.2017 година повторно го однеле во близина на „Веро Џамбо“ со цел да питачи, но во еден момент детето го забележало неговиот татко, при што се стрчало кон него, а лицето кое го донело се оддалечило во непознат правец.
Во врска со настанот приведен е Ќ.К.(60) од Скопје и се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Истите биле со возило, по што детето насилно го внеле и го однеле во таванска просторија од куќа во која живеело едно од лицата.