Актерот Кијану Ривс е страствен љубител на сè што е управувано од мотор. За разлика од повеќето холивудски колеги со слична страст, тој не само што се занимава со колекционирање различни возила, но е и производител на мотоцикли. Неговата компанија се вика Arch Motorcycles и е специјализирана во создавање на рачно изработени мотори, соопштува Bloomberg.Ривс не е единствен сопственик на Arch Motorcycles. Компанијата е основана во соработка со долгогодишниот пријател на актерот Гард Холигер.
Сѐ започнало во 2007 година, кога Ривс и Холигер прилагодиле за лични потреби мотор на Harley Davidson. Двајцата одлучиле да конструираат мотоцикл од нула, што ќе биде како атрактивен на изглед, така и удобен за долги релации.
Развојот на машината траел неколку години, а во 2014 година мотоциклот бил целосно завршен.
Неговото име е KRGT-1 и веќе може да се пофали со неколку продажби.
Arch KRGT-1 користи 2,0-литарски мотор со моќност од 120 КС и 6-брзински менувач. Поинтересно кај него сепак се можностите за персонализација.
Бидејќи мотоциклот се изработува рачно, тој може да се нарача во над 200 различни верзии, спротивставени една од друга по бојата, дизајнот и дури геометријата.
Кијану Ривс и Гард Холигер планираат да произведуваат по околу 30 мотоцикли на година.
Цените на Arch KRGT-1 почнуваат од 78.000 долари.Ривс не е единствен сопственик на Arch Motorcycles. Компанијата е основана во соработка со долгогодишниот пријател на актерот Гард Холигер.