Кики Лесандриќ: Родителите на Илма сакаа само пари!

Кики Лесандриќ, менторот на Илма Карахмет, која минатата недела излезе од Х фактор, е разочаран бидејќи младата натпреварувачка ја колнаше членката на жирито Емина Јаховиќ, но е разочаран и поради нејзините родители, за кои вели дека „плукале“ на прво место и дека во нивната глава била само сумата од 200.000 евра, колку што вреди и главната награда за победникот на овој натпревар.- Како музичар и пејач, јас секогаш би им помогнам на секој кој има добар глас и талент, без оглед кој е во прашање. Со самото тоа што Илма беше во мојата група, ми беше на посебен начин драга, затоа што се уште е дете. Таа има големи вокални способности и неоспорен талент, но сè друго нема. За да бидеш ѕвезда и да го имаш тој фамозен Х фактор, мораш да се родиш со него, тоа не се стекнува, а за тоа најдобар показател е самата Илма.

Сите големи ѕвезди кои ги знам никогаш не би ја покажале суетата, разочарувањето или недоличното однесување, поради тоа и се ѕвезди. Меѓутоа, Илма тоа го покажа штом испадна од натпреварувањето. Таа беше видно разочарана, огорчена од сите членови на жирито, публиката, продукцијата и нејзиното заминување без поздрав докажа во што се претворе малото девојче. До душа, јас не ја осудувам Илма, таа се уште не е зрела, но ми пречи што нејзините родители „пукаа од високо“ и што веќе ја видоа како победник. Ним во главата им беше само победата, парите и договорот кои победникот ги добива.
Сепак, тие се оние кои го воспитуваат своето дете и тие се единствените одговорни за нејзиното однесување. И тие се оние кои, жаргонски речено, кои пумпаат дека е ѕвезда, што е сосема погрешно. Таа уште многу мора да учи, бидејќи патот до ѕвездите е исклучително тежок и трнлив – вели Кики за српскиот магазин Ало!- Како музичар и пејач, јас секогаш би им помогнам на секој кој има добар глас и талент, без оглед кој е во прашање. Со самото тоа што Илма беше во

Пронајдете не на следниве мрежи: