Кики Лесендриќ, поранешниот ментор на Илма Карахмет, е разочаран од однесувањето на младата Босанка, но смета дека за тоа се одговорни нејзините родители…Кики Лесендриќ, поранешниот ментор на Илма Карахмет, е разочаран од однесувањето на младата Босанка, но смета дека за тоа се одговорни нејзините родители, кои, како што вели, им беше важна само наградата од 200.000 евра, која ќе ја добие победникот на „Икс-фактор“.
– Како музичар и пејач секогаш би помогнал на секој кој има добар глас и талент, без разлика кој е. А, со тоа што Илма беше во мојата група, ми беше посебно драга, уште повеќе бидејќи таа е само дете. Таа има голема вокални способности и непобитен талент, но нема сè друго. Да се биде ѕвезда и да го имаш тој фамозна „икс-фактор“, треба да си роден со него, тоа не се стекнува, а за тоа најдобар показател е Илма – изјавил Кики за српски „Ало“.
Тој вели дека сите големи ѕвезди кои ги познава никогаш не би покаже суета, разочарување или недолично однесување, и затоа тие се ѕвезди. Сепак, според него, Илма го покажа тоа кога испадна од конкуренција.
– Таа беше видливо разочарана, огорчена кон сите членови на жирито, публиката, продукцијата, а нејзиното заминување без поздрав само докажува во што се претвори ова девојче. Сепак, не ја осудувам Илма, таа сè уште не е зрела, но ми пречи што нејзините родители целеа превисоко и веќе ја гледаа како победник. Во нивните мисли беа само победата, парите и договорот кој го добива победникот – вели Кики.
За него, родителите се оние кои ги воспитуваат своите деца и тие се единствено одговорни за нивното однесување.
– Тие се оние кои, жаргонки кажано, ја пумпаат дека е ѕвезда, што е сосема погрешно. Таа сѐ уште има уште многу да учи, бидејќи на патот кон ѕвездите е исклучително тежок и трнлив – завршва тој.Кики Лесендриќ, поранешниот ментор на Илма Карахмет, е разочаран од однесувањето на младата Босанка, но смета дека за тоа се одговорни нејзините ро