Брук Вокер се здебелила благодарение на брзата храна која ја јадела во детството. Иако како тинејџерка се обидувала да се храни здраво Брук тврди дека не може да ослаби. На училиште врсниците ја малтретирале поради килограмите. Таа е уверена дека хируршко подврзување на желудникот би и овозможило да „живее нормален живот“.
„Детството и пубертетот ги поминав дебела. Тоа веројатно ќе продолжи и во моите 20-ти години. Моите килограми ме спречуваат да живеам нормален живот. Влегуваш во соба и сите те гледаат. Луѓето ги судат другите според изгледот. Никој не сака да ја запознае твојата личност“, вели Брук.
Почнала да добива килограми кога била мала. Имала седум години и не разбирала што се калории и што подразбира здравата исхрана.
„Кога бев мала јадев многу чипс, пица, брза храна. Одбивав да јадам она што не го сакам. Сега е се сосема поинакво. Сега имам појадок, ручек вечера и ужина. Јадам житарици за појадок, а за ручек супа“.
Кога се преселила кај баб ѝ која ја поддржува да се храни здраво, почнала да вежба и да јаде помали оброци. Тогаш килограмите почнале да се топат, а Брук била се позадоволна. За да го забрза губењето на килограмите, почнала да прескокнува цели оброци.
„Престанав да појадувам. Престанав да јадам на училиште бидејќи не сакав да јадам пред другите деца. Се грижев што ќе речат“, вели Брук.
Поради изгледот трпела малтретирање на училиште. Нејзината баба вели дека тоа се одразило на целото семејство. Нејзиното расположение варирало.
„Знам дека доколку одам на подврзување на желудникот, нема да го решам проблемот. Но ќе морам да ја повратам самодовербата и да излезам меѓу луѓето.“
Нејзината приказна се поклопува со мислењето на некои експерти кои тврдат дека здравата исхрана и вежбањето можат да помогнат при намалувањето на килограмите. Сепак, и тие нагласуваат сека операцијата би требало да биде последна опција.На училиште врсниците ја малтретирале поради килограмите. Таа е уверена дека хируршко подврзување на желудникот би и овозможило да „живее нор



