Лидерот на Северна Кореја нареди убиство на уште еден министер и тоа со пламенофрлач! Се смета дека ова е 11 смрт која Ким ја наредил во изминативе три години откако дојде на власт!Министерот за одбрана О Санг Хон беше убиен со пламенофрлач, а причината поради тоа беше неговата поврзаност со чичкото на севернокорејскиот лидер кој беше стрелан и чие тело наводно им беше фрлено на гладните кучиња.
Едно од најважните правила на диктатурата е да се „исчисти“ од луѓе кои би можеле да и претставуваат потенцијална закана на владејачката партија. Се верува дека Хон бил погубен бидејќи продолжил да ги следи инструкциите на Јанг Сонг и го претворил министерството за одбрана во приватно обезбедување, со цел да ги заштити своите интереси. Како друга причина се наведува и тоа дека министерот лумпувал и се пијанчел за време на обележувањето на годишнината од смртта на Ким Џонг Ил.
Лидерот Ким Џонг наредил да не остане ниту една трага од него.
Јужна Кореја стравува дека чистките во Пјонгјанг би можеле да доведат до дестабилизација на односите помеѓу двете земји.Министерот за одбрана О Санг Хон беше убиен со пламенофрлач, а причината поради тоа беше неговата поврзаност со чичкото на севернокорејскиот лидер