Познатата старлета Ким Кардашијан во последниот период е актуелна поради својата бременост со првото дете со Кение Вест, а последните вести се дека таа е примена во болница во Париз поради силните контракции. Старлетата почнала да чувствува силни труднички болки во текот на летот од Лос Анџелес до Париз каде отишла да присуствува на модната недела во „градот на светлината“.
„ Бевме во авионот кога таа рече дека се чувствува лошо. Ја одведоа во болница веднаш откако слетавме. Отиде кај докторот облеана во солзи“, раскажал нејзин пријател кој побарал анонимност.
Крајниот резултат од медицинските препораки за повеќе одмор и поголема грижа за бебето, доколку таа сака да успее да ја издржи бременоста до крај.
Така, докторот ја предупреди дека додека е бремена не може да држи диети и да вежба, а особено не смее и да лета по целиот свет.
“ Понекогаш Ким заборава дека е бремена. Работи постојано и е во движење седум дена во неделата. Тренира со двајца различни инструктори, за да ја контролира тежината. Се плаши дека ќе се здебели многу, но лекарите ја советуваат да заборави на тренинзите и да се грижи за бебето“, раскажал истиот извор.
Познатата старлета Ким Кардашијан во последниот период е актуелна поради својата бременост со првото дете со Кение Вес