Минатата година на модната недела во Париз, познатата ТВ ѕвезда Ким Кардашијан беше ограбена во нејзината хотелска соба. После “филмското” ограбување, старлетата ветила дека повеќе нема да објавува провокативни фотографии на социјалните мрежи, но изгледа тоа брзо го заборавила и очигледно не научила ништо од минатогодишната случка. Сега таа е поактивна од некогаш и претпоставуваме дека нема намера да престане.Ким со години безгрижно објавуваше фотографии на социјалните мрежи, а потоа одненадеш беше жртва на грабеж во Париз минатата година. Случката се случила после полноќ во изнајмената хотелска соба во центарот на Париз. Крадците ѝ земале два мобилни телефони и скапоцен накит во вредност од 10 милиони долари вклучувајќи го и вереничкиот прстен.
Полицијата сè уште ги немала пронајдено сторителите, а ужасната меморија старлетата ја има и денес.
“Подготвена бев да се случи најлошото. Мислев дека ќе ме силуваат”, изјави Ким неколку месеци после грабежот.
После случката Ким воопшто не беше активна на социјалните мрежи, а нејзините финансиски менаџери ја посоветувале брзо да се опамети бидејќи можела да губи по милиони долари месечно.
Па, набрзо започнала сè почесто да се појавува во јавноста, зборуваше за псоријазата, проблемите во бракот, здравствените проблеми на нејзиниот сопруг. Но, на Ким не ѝ требаше долго па се врати на нејзините стари навики. Започна со објавување на провокативни фотографии, појавување на забави и покажува како ужива во раскошот и богатството.
Ким со години безгрижно објавуваше фотографии на социјалните мрежи, а потоа одненадеш беше жртва на грабеж во Париз минатата година. Случката