Кина забрани носење градници на испит

Студентите во Кина добија забрана да носат градници за да не препишуваат на еден од најтешките испити во светот наречен гаокао.
За да се осигури системот дека ќе нема измами на испитот, студентите ги проверуваат со детектор за метал пред да влезат во предавалните, а инспекторите ги пребаруваат дали носат скриени безжични уреди со кои би можеле да мамат на полагањето.

Бидејќи градниците имаат метални парчиња – како фишбан и копци, студентките пред влезот на универзитетот ќе мора да се ослободат од нив за да не пишти на метал – детекторот при проверката.
Исто така студентите со пејсмејкери или други метални импланти на телото дури и метални забни пломби, ќе мора да донесат потврда од лекар за тоа.

Клучниот тест на кинеските универзитети започна вчера, а трае и денеска. Него го полагаат околу 9 милиони студенти.
Пред да започне испитот, образовните власти објавија водичи за тоа што треба да носат, или не треба да носат студентите, во кои било наведено и да не носат чевли со метални додатоци како и летни панталони наместо фармерки кои имаат метални копчиња и патенти.
Девојките студентки, биле советувани да носат памучни спортски градници наместо оние другите со метални парчиња.

Полицијата минатата година уапси над 1.500 студенти за мамење на испит и кражба на испитните материјали,  а биле одземени и над 60.000 електронски уреди.
Во провинцијата Јилин во 2009 година биле фатени и неколку професори кои на студентите им продавале уреди за мамење на испит.
Овие нови насоки за полагање завршен испит беа поздравени од многу студенти и родители, но имало  и ставови дека се отишло предалеку со мерките.Студентите во Кина добија забрана да носат градници за да не препишуваат на еден од најтешките испити во светот нарече

Пронајдете не на следниве мрежи: