Според објавениот извештај, непознати владини лица и агенции од Кина пробуваат да ги „хакнат“ профилите на корисниците на iCloud услугите на Apple.Безбедносната компанија Greatfire.org вели дека позади ова стојат кинеските власти, а методот е инсертирање на посебна веб-страна пред корисниците да се вклучат на iCloud. Корисниците веруваат дека се наоѓаат на веб-страната на Apple, но всушност тие се наоѓаат на лажна страна креирана да ги украде нивното корисничко име и лозинка.
Целта на овие хакери е да влезат во профилите на корисниците и да ги украдат и објават нивните пораки, фотографии и други содржини кои се наоѓаат во облакот. Американската влада и корпорации веруваат дека позади овој напад стои кинеската влада и владините организации, но од Пекинг се демантира оваа информација.
Во септември, хакерите влегоа во iCloud и објавија голем број на голи фотографии од познатите ѕвезди.
„Сите докази укажуваат на тоа дека iCloud е под реален напад. Кинеската влада директно ги напаѓа кинеските корисници на производите на Apple“ – вели Mikko Hypponnen, главен истражувач во компанијата F-Secure.
Извор: gsm.mk.Безбедносната компанија Greatfire.org вели дека позади ова стојат кинеските власти, а методот е инсертирање на посебна веб-страна пред корисниците