Кинезите се разведуваат заради данокот на недвижнини

 Кинеските брачни парови започнале да се разведуваат за да избегнат плаќање на нов данок на промет на недвижнини, го пренесува Франс прес текстот од весникот „Шангај Дејли“.Кинеската влада минатиот петок издаде препораки за да се фати во костец со растечките цени на недвижностите, а воведен е и данок од 20 отсто на добивка од продажбата на станови. Но, во законот е оставена ’дупка’ која им овозможува на брачните парови кои имаат две недвижнини да се разведат, да ја продадат недвижноста без данок, а потоа пак да се венчаат, пишува весникот.Разводот во Кина не е судски процес, туку се врши во канцелариите на локалната власт и е релативно едноставен процес со малку администрација.Но, службеник во Шангај ги предупредува оние кои се разведуваат добро да размислат бидејќи некои брачни партнери би можеле да ја искористат оваа пригода за вистински развод под изговор дека само сакаат да ја продадат недвижноста без данок.
Макфакс Кинеските брачни парови започнале да се разведуваат за да избегнат плаќање на нов данок на промет на недви

Пронајдете не на следниве мрежи: