Кино звук кој ја исполнува целата просторија: Нови, елегантни и тенки звучници од Sony

Без разлика дали сте филмофили или префинети љубители на музиката, со новите модели на звучници во вид на лента и звучници во вид на подлога за телевизор од Sony оваа пролет, вашиот систем за домашна забава ќе оживее со моќно повеќе- канално појачување и повеќе стил.HT-CT780 Звучник во вид на лента
Елегантниот, ниско профилен HT-CT780 звучник во вид на лента ќе го збогати вашето искуство на гледање телевизија со една нова длабочина од 2.1-канално аудио. Овозможувајќи целосна излезна моќност од 330W, моделот HT-CT780 е многу помоќен и одговара на денешните телевизори со големина на екран поголема од 46 инчи.
Филмскиот дијалог, ефектите и музиката звучат одлично, без разлика на тоа каде седите, благодарение на S-Force PRO Front Surround процесирање. Двонасочните звучници со посебни високотонци му даваат дополнителна доза на рафинираност и детали, додека безжичниот сабвуфер обезбедува силен, продолжен бас.
Ќе може да пуштите музика од вашиот мобилен телефон или таблет со само еден допир преку NFC или Bluetooth®. Само допрете го телефонот до звучникот за да почнете со пренос на музика: HT-CT780 може да го контролирате преку вашиот телефон или таблет со SongPal мобилната апликација од Sony.
Трите HDMI излези дозволуваат лесно приклучување на сите извори на HD, со само еден HDMI приклучок за телевизор. На обожавателите на сериозната домашна забава ќе им се допадне поддршката на најразлични HD аудио кодеци, додека HDCP 2.2 дозволува целосна компатибилност за 4K пренос.

HT-CT380/HT-CT381 Звучник во вид на лента
Идеално за телевизори со големи екрани, елегантниот и тенок HT-CT380 исто така може да се постави на полица или ѕид. Овој стилски звучник во вид на лента овозможува излезна моќност од 330W од 2.1-каналниот систем, со S-Force PRO Front Surround кој ќе ви овозможи вистински да се задлабочите во звукот. Звучникот исто така има и компактен безжичен сабвуфер кој може да го сместите на било кое место за да добиете длабок бас.
Исто како и CT780, и овој модел вклучува пуштање на музика преку еден допир со NFC и Bluetooth® и може да се контролира преку телефон или таблет со SongPal апликацијата.

HT-XT100 звучник во вид на подлога за телевизор
Сместен директно под вашиот телевизор, HT-XT100 звучникот во вид на подлога за телевизор го подобрува звукот на филмовите или ТВ програмите со 80W на 2.1 канален звук, со солидно контролиран бас од интегрираниот сабвуфер. Се мачите да слушнете што се зборува на екранот? Допрете го Voice копчето и дијалогот веднаш се изострува во фокус. Пуштајте музика директно од вашиот мобилен телефон преку NFC и Bluetooth®, или приклучете УСБ и пуштете ги вашите омилени песни.
Асортиманот за домашно кино го надополнуваат HT-CT180 и HT-CT80 звучниците во вид на лента, како и HT-XT100 звучникот во вид на подлога за телевизор. Сите модели нудат беспрекорен квалитет на звукот и се многу лесни за користење, благодарение на NFC и Bluetooth® поврзаноста. Најновите модели ќе бидат достапни за продажба во Европа од оваа пролет.HT-CT780 Звучник во вид на лента
Елегантниот, ниско профилен HT-CT780 звучник во вид на лента ќе го збогати вашето искуств

Пронајдете не на следниве мрежи: