Македонската ракометна репрезентација со нов предизвик, Светско Првенство кое се одржува во Шпанија, на кое нашата селекција ќе има можност да уште еднаш го докаже и покаже својот квалитет, нашиот капитен Кире Лазаров вели дека не треба да има потценување за никого.
„Патувањето беше навистина напорно, сигурно дека заморот се чувствува, но среќа е што на почетокот играме со Чиле. Нема потценување на никого, мора да се посветиме максимално на задачата поради која сме тука“ изјави Кире Лазаров во интервју за „Дневник“.
Натпреварот со Чиле се игра со почеток од 15-45 часот.
Македонската ракометна репрезентација е во Група „Б“, натпреварите од оваа група се играат во Севиља. Во рамките на оваа група покрај нашата селекција и селекцијата на Чиле се уште и Данска, Исланд, Катар и Русија.
Вториот натпревар нашата репрезентација го игра утре против селекцијата на Катар со почеток од 18 часот.Македонската ракометна репрезентација со нов предизвик, Светско Првенство кое се одржува во Шпанија, на кое нашата сел