Капитенот на македонската репрезентација Кирил Лазаров со својот тим Барселона пропушти голема шанса да игра во финалето на ракометната Лига на шампиони.Шпанскиот гигант во драматичен натпревар е поразен од германскиот тим Фленсбург со 41:39 дури по пенали, во вториот полуфинален меч на Фајнал-фор турнирот кој се игра Келн, Германија.Двете екипи имаа свои периоди на игра. Во првото полувреме германскиот клуб беше подобар и на паузата замина со еден гол предност 18:17. Во второто полувреме, Каталонците имаа и шест голови предност на осум минути до крајот (32:26).
Но, и на овој натпревар уште еднаш се докажа германската упорност, па со голот на Гландорф во последната секунда Флензбург го израмни резултатот на 32:32 и се избори за продолжение.И по дополнителните двапати по пет минути немаше победник односно резултатот гласеше 36:36, по што се пристапи кон изведување на пенали, односно удари од 7.мести.
Во пенал „рулетот„ голманот на Фленсбург Матијас Андерсон во втората серија успа да го одбрани ударот на Никола Карабатиќ и со конечни 41:39 германскиот тим се пласира во финалето.Кирил Лазаров средбата ја заврши со 6 постигнати голови, додека во победничкиот тим Гландорф и Вајнхолд постигнаа по 8 голови.Во утрешното финале Флензбнург за противник ќе го германскиот ривал Кил кој во првиот полуфинален меч беше подобар од унгарскиот претставник Вестрпем со 29:26.
Утре од 15 часот и 15 минути ќе се игра дуелот за третото место, а почетокот на големото финале е закажан за 18 часот.Шпанскиот гигант во драматичен натпревар е поразен од германскиот тим Фленсбург со 41:39 дури по пенали, во вториот полуфинален меч на Фајнал-фор т