Македонскиот ракометен капитен Кирил Лазаров се најде во идеалниот тим во ракометната Лига на шампиони за сезоната 2015/2016.Над 80.000 фанови гласаа во изборот на најдобриот тим во ЛШ, што се организира по четврти пат, а резултатите вообичаено се објавуваат пред стартот на Ф4 турнирот во Келн, кој викендов ќе го даде новиот европски шампион.
Македонскиот бек во дресот на Барселона и оваа сезона ја заврши како прв стрелец на каталонскиот тим и втор на листата на најдобрите стрелци во ЛШ со 104 гола, пред стартот на Ф4. Барселона ја загуби шампионската титула и настапот на Ф4 во Келн по елиминацијата во четврт-финалето од Кил.
Во изборот на најдобрите во ЛШ за изминатата сезона беа селектирани играчи и тренери од 17 клуба. Покрај најдобрата „седморка“, од минатата година се избира и најдобар тренер, најдобар дефанзивец и најдобар млад играч.
Ол-стар тим на ЛШ за сезонаат 2015/2016:
Голман: Никлас Ландин (Кил)
Лево крило: Мануел Штрлек (Кјелце)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Среден бек: Деан Бомбач (Пик Сегед)
Пикер: Растко Стојковиќ (Месков Брест)
Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
Десно крило: Гашпер Маргуч (Веспрем)
Дефанзивец: Тимуш Шух (Веспрем)
Млад играч: Дарко Ѓукиќ (Бешикташ)
Најдобар тренер: Хавиер Сабате (Веспрем)Над 80.000 фанови гласаа во изборот на најдобриот тим во ЛШ, што се организира по четврти пат, а резултатите вообичаено се објавуваат пред стартот