Кире наш-СВЕТСКИ ШАМПИОН!!!

Македонскиот интернационалец од редовите на Барселона, Кире Лазаров со својот тим стана светски шампион.Барселона го потврдува раскошниот квалитет што го поседува бидејќи има дрим-тим кој може да гази на сите терени.
Екипата каде настапува нашиот Кире Лазаров го освои и единствениот трофеј кој им недостига витрините, станаа светски шампиони.
Барселона во финалето во Доха беше поуспешна од германски Кил со резултат 26-24, а токму Лазаров беше финалниот стрелец кој ја „скрши“ желбата на германците да направат нешто на овој натпревар.
Нашиот интернационалец постигна 4 погодоци на овој натпревар и несомнено е движечка сила за тимот на Барселона.
Фото: lazarovkiril7.comБарселона го потврдува раскошниот квалитет што го поседува бидејќи има дрим-тим кој може да гази на сите терени.

Пронајдете не на следниве мрежи: